Вардар доби силен отпор, но очекувано освои три бода против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Вардар очекувано го совладаа вториот состав на Еурофарм Пелистер со 34:30 но добија силен отпор во текот на сите 60 минути.

Младите ракометари на тимот од Битола успеаја да парираат во добар дел од средбата, но фактот дека и домашните не форсираа овозможи да има интересен натпревар. Вардарци беа во постојана предност, но гостите успеваа да израмнуваат.

Дојдоа до 9:9 некаде на средината на првото полувреме, но потоа Вардар засили и до крајот на првиот дел од средбата стигна до 17:14.

Откако на одмор беше плус три гола во продолжението се одржуваше водството и истото беше и зголемено до највисоки плус седум, 25:18 и 29:22. Оваа разлика беше доволна за мирна игра во последните моменти од средбата и обезбедување на три бода на стартот од плеј-оф лигата.

Со овој дуел беше финиширано првото коло, а следното ќе биде за две недели бидејќи следува пауза поради ЕХФ неделата.

34 - 30
Конечен резултат

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611734Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21430Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек03
3Патрик Валчакпивот22
5Стојанче Стоиловпивот01
8Димитар Димитриоскилево крило08
9Гоце Георгиевскидесно крило011
11Мартин Карапалевскицентрален бек02
15Кристијан Дисингерлев бек00
24Анте Гаџацентрален бек00
27Иван Чупиќдесно крило00
28Филип Талескилев бек13
31Тимур Дибировлево крило02
44Јосип Векиќдесен бек12
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 434

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
8Павле Атанасијевиќ-14
9Васко Димитровскипивот02
10Христијан Митревскидесен бек00
12Филип Ивановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек17
14Филип Јовановски-00
22Иван Димитровскилево крило10
23Стефан Талевскицентрален бек02
24Никола Стоилевскидесно крило04
33Петар Атанасијевиќлев бек02
44Ненад Белистојановски-00
51Димитар Бардакоскиголман00
55Стефан Дрогришкилев бек16
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот03
 Вкупно 430

Officials

Судии:Делегат:
КОЛЕВСКИ ЃОКО
КРКАЧЕВ САШО
КАМИШЕВСКИ ДУШКО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3ПРОЛЕТ1471622
4МЕТАЛУРГ1462620
5БУТЕЛ1453618
6ОХРИД1443715
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21412115
8СТРУГА1403113