Бутел Скопје доби уште едно дерби, се зацврсти на 3. место

Ракометарите на Бутел Скопје дојдоа до победа од 29:21 против Еурофарм Пелистер 2 во дербито од Супер машката лига и на тој начин се изборија за нови три бода. Со новата победа тимот од Бутел ја зацврсти 3. позиција зав Еурофарм Пелистер и Вардар така што засега има сигурно место на табелата.

Од почетокот на натпреварот се виде дека ракометарите на Бутел Скопје имаат контрола  на играта. Почетните 3:0 покажаа дека гостите од Битола ќе имаат тешка задача. Иако  средбата продолжи израмнето и главно гостите успеваа да израмнуваат, сепак, домашните беа во константна позитива.

Водството беше гол или два, но Бутел Скопје имаше контрола. Се казнуваше и најмала грешка, а и голманите наоѓаа можност и свои моменти за да успеат да се истакнат.

Во вториот дел од натпреварот голманите не беа на нивото во првите неколку минути. Тоа отвори простор за поефикасна игра, па и ракометарите на двете екипи беа ефикасни и лесно реализираа. Доаѓаа до погодоци со кои ја зголемуваа предноста и на тој начин успеваа да дојдат до зголемување на бројот на голови.

Разликата остана еден или два гола до 19:17 кога почна менувањето на ритамот. Бутел Скопје набрзина успеа да казни неколку грешки на гостите и во 52. минута да стигне до 24:17. Тука веќе беше решен победникот. Домашните знаеја како да ја зачуваат предноста и да стигнат до висока победа.

На крајот беше 29:21 што потврди уште еднаш дека Бутел Скопје има тим кој може сезонава до 3. место на табелата. Ќе биде интересно до крајот, но засега ракометарите на Бутел Скопје успеваат да се позиционираат веднаш зад двете најдобри екипи во Супер лигата.

29 - 21
Конечен резултат

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ1229Победа
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21121Пораз

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Иван Андревски-00
6Јовица Младеновскилев бек16
7Томче Стојановскилев бек10
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек01
10Марко Митевцентрален бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило00
17Бојан Спасовскидесен бек04
20Саша Пуљизовиќ-00
28Градимир Чаневскиголман01
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќ-04
34Кристијан Василевскипивот02
64Мирко Мајиќлево крило18
94Денис Тотдесен бек03
96Кристијан Давитковскидесен бек00
 Вкупно 329

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бобан Ристевскиголман00
7Андре Буторацдесен бек00
8Павле Атанасијевиќцентрален бек02
9Васко Димитровскипивот00
12Христијан Јовановскиголман00
13Павле Петровиќдесен бек17
16Благојче Трајкоскиголман00
21Димитар Димитриоскицентрален бек02
22Иван Димитровскилево крило20
23Стефан Талевскицентрален бек02
24Никола Стоилевскидесно крило00
33Петар Атанасијевиќлево крило10
34Емилијан Ѓорговскилев бек04
66Милан Ѓукиќдесно крило11
88Димитриј Блажевскидесен бек00
99Филип Арсеновскипивот03
 Вкупно 521

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196116141143
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР16141143
3БУТЕЛ16110533
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 216102432
5ОХРИД1681725
6ТИКВЕШ 20141681725
7ПРОЛЕТ1681725
8МЕТАЛУРГ1670921
9ПРИЛЕП16501115
10СТРУГА16411113
11СКОПЈЕ 20201620146
12РАДОВИШ1610153