„Ако не се игра ЛШ догодина, клубовите нема да имаат пари да ги плаќаат ракометарите“

Пикерот на екипата на Келце и репрезентацијата на Белорусија, Артем Каралек во интервју за белоруските медиумуи говореше за состојбата во Келце и колку е оправдано продолжението на натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Каралек кризниот период го помина во Келце и работеше според индивидуална програма, но веќе се намалуваат мерките во земјата и започнува да се враќа во нормала. Белорусинот смета дека доколку не се игра Лигата на шампионите клубот нема да има доволно средства да ги исплати играчите.

„Доколку се затвораат границите и во сите земји не се укине карантинот, нема да биде можно сите екипи да учествуваат во Лигата на шампионите. Во тој случај дали ќе има смисла да се организира натпреварувањето е големо прашање. И како би се организирало сето тоа доколку е невозможно патување низ државите. Ова закана веднаш ја доведува во прашање оправданоста на големиот број скапи ѕвезди во тимовите. Како што рече Душебаев, 18 играчи кои заработуваат многу пари се премногу за полскито шампионат и еден натпревар неделно. Сè уште немаме датум кога ќе продлжиме со подготовките, па затоа и прерано е да зборуваме нешто за претсојните дуели“, изјави Каралек.

Каралек пристигна во Келце во 2018 година од фанцускиот Сен Рафаел каде што играше две сезони. 24-годишниот пикер претходно има настапувано во СКА Минск и Кронон во Белорусија.