Јовиќ веднаш се фати за работа, Еурофарм Пелистер 2 денеска започнува со подготовки

Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ, по денешното официјализирање на договорот со битолскиот тим, веднаш се фати за работа.

Тој денеска ќе го има првиот собир со новата екипа, во која останаа искусните Васко Димитровски и Стефан Дрогришки, а тука се и Ивановски, Петровски, Талевски…

Тимот е засилен со левото крило Цветан Кузманоски, десното крило Никола Стоилевски, пикерот Филип Арсеновски, како и со уште тројца ракометари од тимот на Алушовски, плус четворица младинци од сопствениот погон.

Планирано е заедно со првиот тим да заминат на подготовки во Маврово, а потоа да бидат одиграни и неколку пријателски натпревари пред стартот на Суперлигата.

В петок ќе биде извршена ждрепката за новата сезона, па битолчани ќе ја дознаат групата во која ќе играат и распоредот на натпреварите.