Хорват скрати список пред СП – смета на Карачиќ, Чупиќ, Циндриќ…

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват го објави скратениот список на ракометари за подготвителната фаза пред Светското првенство, кое од 12 до 29 јануари 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска. Собирот на хрватската репрезентација е закажан за 27 декември во Загреб.

Хорват ќе може да смета на екс членовите на Вардар, Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Лука Циндриќ, кои се меѓу поискусните во таборот на ,,коцкестите”, носителот на играта Домагој Дувњак, еден од поквалитетните дефанзивци Жељко Муса…

Од они кои што отпаднаа ѐ и поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој настапува за Татабања. Иако Хрватска се соочува со проблеми поради повредени играчи, сепак, поголемиот дел од избраните ракометари имаат големо репрезентативно искуство. Избраниците на Хорват на Мундијалот ќе играат во група со Египет, Мароко и САД.

Повикани ракометари:Доминик Кузмановиќ (Нексе) Дино Славиќ (Загреб), Мате Шуњиќ (Иври), Марин Јелиниќ (Нексе), Ловро Михиќ (Висла Плоцк), Иван Чупиќ (Загреб), Филип Главаш (Тримо), Паоло Краљевиќ (Загреб), Марин Шипиќ (Креинс), Жељко Муса (Загреб), Никола Граховац (Загреб), Леон Шушња (Висла Плоцк), Домагој Дувњак (Кил), Лука Циндриќ (Барселона), Игор Карачиќ (Келце), Тин Лучин (Висла Плоцк), Звонимир Срна (Загреб), Јосип Шарац (Гепинген), Иван Мартиновиќ (Мелсунген), Лука Кларица (Загреб), Лука Шебетиќ (Минден)

Хрватска за време на првиот подготвителен период ќе одигра две пријателски натпревари против Италија.

Избраниците на Хрвоје Хорват во втората фаза од подготовките ќе играат против Македонија и Израел во рамки од турнирот ,,Croatia Cup”. Натпреварите на овој турнир ќе бидат на 5 и 6 јануари.