Тиквеш има нов тренер – на клупата седнува Ристо Магдинчев

Тимот на Тиквеш во новата сезона ќе има нов тренер. Станува збор за искустниот стратег Ристо Магдинчев кој ќе го наследи Горан Андоновски на клупата во Кавадарци и ќе го води тимот во Суперлигата.

Kaвадарчани по камбекот во елитното друштво минатата сезона, изборија опстанок во  и го завршија плеј-аутот на второто место.

„Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на Тиквеш. Екипата има квалитетни поедици кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност“, вели Ристо Магдинчев.

авадарчани веќе имаат закажно висински подготовки и потврдено присуство на два турнири, турнирот во Струга и турнирот во Прилеп. Во меѓувреме се потврдени и неколку пријателски натпревари.

„Тиквеш е клуб кој заслужува да биде долги години во Суперлига. Како еден од постарите и поискусните домашни играчи во клубот, а и играч кој има и ракометна кариера и надвор од Македонија можам слободно да кажам дека овој клуб од година во година напредува се повеќе и повеќе. Условите за тренинг се одлични, покрај главниот тренер со нас работат и уште тројца тренери. Ефектите се покажаа и кај младите играчи, на пример пионерите беа на финалниот турнир во Струга. Новата сезона ќе ни донесе големи возбудувања, но знам дека ние ќе го прифатиме предизвикот и ќе имаме рамноправна борба со секој на терен“, вели капитенот Јанчев.

Магдинчев е искусен стратег, кој минатата сезона го водеше составот на Јуниор Кисела Вода, а претходно седеше на клупите на Вардар, ЖРК Вардар, ПСЖ…