Сагосен ги држи Колстад и Кил во неизвесност: Уште размислувам, наскоро ќе донесам одлука

Ракометарот кој е во центарот на вниманието во моментов, Сандер Сагосен и понатаму е во неизвесност околу тоа каде ќе ја продолжи кариерaта. Тој има понуда од новиот голем проект во Норвешка, Колстад каде што сакаат да го имаат како лидер.

Сагосен е врзан со договор со Кил до 2023 година, а веќе има понуда за нов договор со кој ќе го продолжи претстојот во редовите на „зебрите“. Самиот има свое видување околу ова, но потврдува дека во моментов е во неизвсност околу иднината.

„Не сум одлучил ништо. Уште сум под договор со Кил и тој важи до летото во 2023 година. Ова е единственото нешто кое го знам со 100 проценти сигурност. Засега ќе се обидам да уживам во моето време овде. Се разбира наскоро треба да донесам одлука. Од почит кон проектот во Норвешка доколку не сакам да се вратам морам однапред да ги известам. Истото важи и за Кил. Доколку одлучам да заминам тогаш тие мора да имаат време да најдат замена. Услов за преселба во Колстад е и учеството на клубот во Лигата на шампионите. Со сета почин кон норвешката лига, но таа не може да се спореди со Бундес лигата. ВО оваа ситуација невозможно е да не разочарате ниеу една страна. Навистина е тешко да се донесе одлука, но тоа е животот. На крајот ќе одлучи мојот инстинкт“, вели Сагосен.

Кил е шампион на Германија, а Сагосен заедно со Дувњак е играч околу кого се движат сите работи. Двајцата го носат тимот редовно, станува звор за одличен тандем и затоа Кил сигурно нема да дозволи лесно да го загуби најдобриот Норвежанец.