Познати шеширите, в петок на пладне ждрепка за новата сезона во Суперлига

Ждрепката за редните броеви на клубовите пред стартот на новата сезона ќе се одржи в петок на пладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија, а ќе биде пренесува на нивниот You Tube канал.

Во претстојната сезона во елитното друштво ќе играат 16 тимови, од кои 14 во регуларниот дел на сезоната и ќе бидат поделени во две групи.

Рангирањето во шешири пред ждрепката е направено врз основа на пласманот минатата сезона во суперлигашкото и прволигашкото друштво. Тоа значи дека во регуларниот дел нема да може меѓусебе да играат Металург и Охрид, кои лани завршија на првото и второто место.

Ждрепка, Суперлига:

шешир 1: Металург, Охрид
шешир 2: Пролет, Бутел Скопје
шешир 3: Радовиш, Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: Струга, Работнички
шешир 5: Астраион, Тиквеш
шешир 6: КЛ7, Прилеп
шешир 7: Јуниор Кисела Вода, Младост Богданци

Ќе бидат одиграни по 14 кола во регуларниот дел, а потоа првите три од двете групи, заедно со сехалигашите Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат плеј-оф, додека останатите осум ќе играат плеј-аут.

Од плеј-аут само првиот обезбедува сигурен опстанок, вториот ќе игра бараж со второпласираниот од Првата лига, а шест клуба ќе испаднат во понизок ранг.

Стартот на регуларниот дел е планиран на 12 или 13 септември, а натпреварите ќе се играат без публика.