Парондо го сака Мораеш во Мелзунген

Новиот тренер на Мелзунген, Роберто Парондо сака да ја обнови соработката со пивотот Рожерио Мораеш со кого работеше во времето кога беа дел од екипата на Вардар.

Според информациите кои се објавуваат веќе се направени контакти, но проблем е договорот на Мораеш Бенфика бидејќи летово пристигна во тимот поле три години во Вардар и две во Веспрем.

Пред да дојде во Вардар, Мораеш беше дел од екипата на Кил така што има искуство со настап во Бундес лигата.

Доколку тимовите на Мелзунген и Бенфика најдат заеднички јазик тогаш може да дојде и до договор и Мораеш да потпише за екипата од Бундес лигата и одново да игра под водство на Парондо.