Левиот бек останува во Прилеп – Давор Шокоски потпиша нов договор (ФОТО)

Еден од најдобрите стрелци во тимот на Прилеп, Давор Шокоски, ќе продолжи да го носи „жолто-црниот“ дрес.

Синот на легендата Боро Шокоски, потпиша договор на уште две сезони и останува важна алка во сотавот на прилепчани.

Шокоски пред лани да се врати во Прилеп, мина една сезона во Скопје, во тимовите на Бутел Скопје и Металург РА.

Претходно и десното крило Реваз Чантурија ја продолжи соработката со суперлигашот на уште една сезона.