Кога годините не се пречка: Штербик ги предводи најдобрите во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Голманот на Веспрем кој настапуваше и во дресот на Вардар, Арпад Штербик и понатаму брани во неверојатна форма. Тој во 13. коло со неверојатните одбрани како во своите најдобри денови донесе победа за тимот на Веспрем против Монпелје и ја завери 2. позиција на табелата во Лигата на шампионите.

Оваа одлична партија му донесе место во најдобриот тим во колото така што дефинитивно е јасно дека Штербик има уште што да покаже и дека Веспрем сигурно нема лесно да се откаже од неговите услуги.

Кои играчи влегоа во најдобриот тим во 13. коло можете да погледнете на следниот ЛИНК.

ТИМ НА 13. КОЛО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Голман: Арпад Штербик (Веспрем)

Лево крило: Андреј Јуринок (Мешков Брест)

Лев бек: Анте Кудуз (Динамо Букурешт)

Среден бек: Анте Гаџа (ППД Загреб)

Десен бек: Јуре Доленец (Барселона)

Десно крило: Никита Вајлупов (Мешков Брест)

Пивот: Арцем Каралек (Келце)