Кадетките ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место, следен ривал е Германија

Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Исланд со 25-22 и не успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот.

Избраничките на Љубомир Савевски на 7 и 8 август ќе разигруваат за пласман од 9 до 12 место.

Прв ривал во тоа разигрување ќе ни биде селекцијата на Германија, која заврши на третата позиција во групата 3 од главната рунда.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија се игра в недела, на 7 август во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 14:00 часот.

Доколку победиме, ќе играме со победникот од дуелот меѓу Хрватска и Норвешка за 9 место, а доколку загубиме ќе играме против поразениот од тој двобој за 11 место.