Извлечени групите за Суперлигата – Металург со Бутел, Охрид со Пролет

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона од машката Суперлига.

Ќе играат 16 екипи (14 во регуларниот дел од сезоната), кои се поделени во две групи по седум екипи.

Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат во плеј-офот напролет.

Група А: Струга, Јуниор Кисела Вода, Астраион, КЛ7, Охрид, Радовиш, Пролет

Група Б: Прилеп, Металург, Работнички, Младост Богданци, Тиквеш, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2

По завршување на регуларниот дел првите три екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во СЕХА лига ја формираат плеј-оф групата од осум екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и СЕХА.

Екипите од 4 до 7 место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат плеј-аут групата од осум екипи. Второпласираната екипа во плеј-аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Суперлига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година.