Еурофарм Пелистер не ја памети Швајцарија по добро, но време е тоа да се смени

Екипата на Еурофарм Пелистер го има четвртото гостување во Швајцарија во Европските купови, а ова е вкупно трето кај тимот на Кадетен Шафхаузен, но досегашните не ги памети по добро.

На трите гостувања има три порази така што денеска е моментот кога треба работите да се сменат односно конечно да се дојде до победа.

Двапати Еурофарм Пелистер губеше од истиот ривал со кој игра и денеска. Еднаш во 2005 година, а вторпат пред неполни осум месеци во Лигата на Европа.

Пред две години загуби и од Фади Винтертур во Европскиот куп.

ДОСЕГАШНИ ГОСТУВАЊА ВО ШВАЈЦАРИЈА

2 МАРТ 2021

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН –ЕУРОФАРМ ПЕЛИСЕР                29:26

Периќ 7, Граџан 6, Ојлески 2

6 ОКТОМВРИ2019

ФАДИ ВИНТЕРТУР – ПЕЛИСТЕР               39:16

Петровски 6, Димитровски 3, Мандиќ 3

22 ОКТОМВРИ 2005

КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ПЕЛИСТЕР      34:28

Зарков 7, Поповски7, Марковски 6