Две во едно: Охрид во Струга ги „скенира“ и Бутел и Алкалоид

Во охридско постојат две силни ракометни екипи, тимовите на Охрид и Струга кои играат во македонската лига и се големи ривали. Турнирот во Струга сега беше иделано место за соседите од Охрид кои дојдоа на дело да ги видат своите први ривали во домашното првенство.

Екипите на Бутел и Алкалоид играа меѓусебе во рамките од третото коло од групната фаза, и токму тој натпревар беше интересен за охриѓани. Сите три екипи се во иста група, а во првото коло Охрид игра против Бутел, а во третото коло против Алкалоид.

За сезонава Охрид има големи амбиции и се засили со повеќемина квалитетни играчи: Балша Чејовиќ, Виктор Василевски, Хазеин Рустамов, Стефан Бошкоски, Зураб Цинцадзе, Никола Грубиќ, Владимир Бојаниќ, Даниел Андоновски и Тоше Ончев.

Тоа ветува квалитетен тим што треба да донесе и резултати. Заедно со ракометарите на Охрид беше и градоначалникот Кирил Пецаков, кој им дава огромна поддршка. Тој беше и поранешен ракометар на Охрид.

Струга 2022: Охрид ги „скенира“ ривалите

На 23 и 24 август во Охрид ќе се организира првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ каде покрај ќе настапат и тимовите на Партизан, Пролет и Тиквеш. Тие ќе бидат последна контрола пред почетокот на првенството.

Во првиот контролен меч на домашен терен Охрид високо го победи Голден Арт со 38-23, а претходно двапати ремизираше со Еурофарм Пелистер 2.