Дарко Ѓукиќ е ново десно крило на Вардар!

Иако хрватските медиуми го најавуваа Јосип Божиќ Павлетиќ како ново десно крило на Вардар, сепак нема ништо од тој трансфер.

„Црвено-црниот“ тим од лето ќе биде посилен за српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ, кој веќе се договорил за трансфер во Скопје.

Вардар по пет сезони ќе остане без услугите на Иван Чупиќ, кој се враќа во татковината и ќе игра за Загреб, а Србинот ќе биде негова замена.

Ѓукиќ потекнува од Железничар Ниш, беше дел од Металург една сезона, а потоа нстапуваше за Бешикташ, Келце и Мешков Брест, пред лани да се пресели во португалскиот Спортинг Лисабон, каде баш и не се изнаигра.