Гроздановска продолжува со одличните партии во Швајцарија

Репрезентативката на Македонија, Симона Гроздановска повторно имаше забележителен настап во шампионатот на Швајцарија.

Македонката заедно со нејзиниот тим Винтертур ремизираа против екипата на Тун, 28:28 (9:14).

Иако Винтертур во најголемиот дел од средбата беше во водство, на моменти имаше и седум-осум гола разлика, сепак, домашната екипа со подобрата игра во вторите 30 минути стигна до голем бод.

Ракометарката до Македонија повторно беше најефикасна во својот тим, постигна седум погодоци и подели неколку асистенции кон нејзините соиграчки.

Винтертур по четири одиграни кола се наоѓа на 6. позиција на табелата со биланс од една победа, едно реми и два порази.