Битолчани на шопинг во Вардар: Марко Кизиќ три години во Еурофарм Пелистер!

Голманот на Вардар и македонски репрезентативец, Марко Кизиќ, од следната сезона ќе ги брани боите на Еурофарм Пелистер.

20-годишниот Кизиќ потпиша договор со битолскиот клуб на три сезони и ќе ја зголеми конкуренцијата на голманската позиција.

Овој млад голман во Битола доаѓа од Вардар, висок е 190 сантиметри, а тежок 89 килограми. Кизиќ веќе има искуство од настапи во Лигата на шампионите, а во новиот клуб ќе се приклучи по завршувањето на сезоната.

Останува египетскиот репрезентативец Карим Хендави, а на другите двајца голмани Градимир Чаневски и Благојче Трајкоски им истекува договорот. Сепак постои можност некој од нив да ја продолжи верноста со битолчани.