Звучни имиња на радарот на новиот бундеслигаш

Тимот на Битигхајм, кој направи камбек и во новата сезона ќе игра во Бундес лигата, планира да се засили со тројца квалитетни ракометари.

Според „RTHandball“, Битигхајм е во преговори со искусните бекови Јулијус Кун и Фабијан Виде, како и шпанското десно крило Гонзало Перез Арсе.

На Кун му заврши договорот со Мелсунген и тимот предводен од Парондо не му го продолжи, додека Виде има договор со Фуксе Берлин до 2026 година, па тука сигурно ќе треба да се плати соодветна оштета.

Перез Арсе минатата сезона настапуваше за полскиот шампион Висла Плоцк, но таму доаѓа Тим Цокан од Целје, па соработката со шпанското десно крило замина од Полска.