Зорман отпиша уште двајца – познат конечниот список на Словенија за ЕП

Словенечкиот селектор Урош Зорман го скрати уште еднаш списокот пред стартот на Европското првенство.

Тој ќе носи 18 ракометари во Германија, а последниот филтер не го минаа левиот бек Ник Хенигман и десниот бек Тадеј Кљун.

Од претходно Зорман не може да се смета на повредените Блаж Јанц, Рок Овничек, Стефан Жабиќ и Домен Макуц.

Дополнителен повик доби кружниот напаѓач Јернеј Дробеж, кој на линијата ќе биде заедно со Матиц Сухолежник, Kристијан Хоржен и Блаж Благотиншек.

Словенија е во незгодна група со Норвешка, Полска и Фарски Острови.