Заслужено: Некогашен член на Вардар прогласен за ракометар на годината во Србија

Ракометниот Сојуз на Србија ги поогласи најдобрите во ракометот за минатата година, а меѓу лауреатите беше и некогашенн ракометар на Вардар.

За најдобар ракометар е прогласен чуварот на мрежата на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, кој од Скопје го почна походот кон европскиот врв.

Милосављев прикажува блескави партии и во Бундес лигата и на европската сцена во дресот на „лисиците“, па заслужено беше избран за најдобар.

Најдобра ракометарка за 2023 година во Србија е избрана Александра Стамениќ, лево крило на Црвена Звезда и националниот тим.

Наградата за најдобар тренер отиде во рацете на Борис Ројевиќ, кој со Војводина освои трофеј во Европскиот Куп, а оваа сезона го води тимот во Лигата на Европа.