Третиот мандат на Перо Милошевиќ на клупата на Ловќен траеше најкратко – само шест месеци. Двете страни се договори за спогодбен раскин, иако Милошевиќ имаше договор до 2025 година.
Некогашниот стратег на Вардар имаше максимален учинок во црногорскиот шампионат со сите победи, но и шест порази во Лигата на Европа од Кадетен, Фленсбург и Елверум.
Поради конфликтот меѓу Милошевиќ и Вуко Борозан, првата ѕвезда на тимот исто така си замина од клубот веднаш по крајот на есенската полусезона.
Милошевиќ е најуспешен тренер во историјата на Ловќен, со негов на клупата црногорскиот тим играше четвртфинале во Лигата на шампионите, имаше две шампионски титули во СР Југославија, а освои и двојна круна во вториот мандат во Црна Гора.
Нов тренер на Ловќен е Филип Поповиќ, некогашен среден бек, кој му беше асистент на Милошевиќ на клупата.