Загреб остана без тренер – Николиќ поднесе оставка, заминува и Чупиќ!

Хрватскиот шампион Загреб во понатамошниот дел од сезоната ќе има нов предводник од клупата.

По тешкиот пораз со 36-24 од Магдебург во Лигата на шампионите, оставка поднесе досегашниот стратег Андрија Николиќ.

Неговата оставка е прифатена, а со него од клупата заминува и асистенот Иван Чупиќ, за кој ова беше прво тренерско искуство во кариерата.

Загреб оваа сезона не игра според очекувањата, далеку е од место во осминафиналето на ЛШ и на седум меча запиша само една победа и шест порази.