За најсмешни видео инсерти – не знаеше каде е топката, се одби од него и заврши во голот (ВИДЕО)

Бенфика загуби на домашен терен од Рајн Некар Левен со гол во последната секунда, 36-35, иако го имаше последниот напад.

На почетокот на овој натпревар, шпанскиот репрезентативец Мигел Санчез Мигаљон постигна чуден погодок.

Односно не го постигна Шпанецот, иако него му е запишан, туку голманот на бундеслигашот, Џоел Бирлем, е „виновен“ за примениот гол.

Мигаљон силно шутираше, топката се одби од пречката високо, Бирлем не знаеше каде е, таа падна на неговата глава, се одби и заврши во мрежата.

Погледнете…