„Вртенката“ на Радивојевиќ во ТОП 5 голови на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Медиа тимот на ЕХФ ги избра најубавите пет погодоци откако се одигра 10 коло во Лигата на шампионите, последно за оваа година.

Меѓу нив се најде и „вртенката“ на Богдан Радивојевиќ од Еурофарм Пелистер, кој загуби на домашен терен од Загреб со 23-22.

Иако немаше добар агол, сепак српскиот репрезентативец се обиде и постигна убав погодок во голот на одличниот Мандиќ.

Во ТОП 5 голови на колото, покрај Радивојевиќ се најдоа и погодоците на Дамке, Шоштариќ, Ричардсон и Пранди.

Сите погодоци погледнете ги ТУКА.