Вренцоски со 12 гола го водеше Шампион до победа во Велес

Тимот на Шампион прослави победа на гостувањето во Велес кај некогашниот шампион Борец со 37-14.

Гостинските ракометари предводени од Бојан Вренцоски со 12 погодоци, уште по првиот дел го решија прашањето на победникот, 21-5.

Во вториот дел немаше никакви возбудувања на теренот и Шампион одигра само рутински за убедлива победа.

Покрај Вренцоски, во победничкиот тим се истакна и Мирчески со шест гола, додека кај Борец се истакна Ангелов со пет погодоци.

Во следното коло Шампион ќе игра дома со Преспа Вардар, а тимот на Борец ќе соочи со Јехона на гостински терен.