Денеска со натпреварот меѓу Вардар Неготино и Партизан Гевгелија почнаа елиминациите во Купот на Македонија, а на победа се радуваа ракометарите од најјужниот македонски град, кои славеа со 44:36 (22:20).
Иако домаќините на хартија беа фаворити, сепак, Партизан Гевгелија, кој во Првата лига ќе продолжи во плеј-аут фазата, успеа да се пласира во следната рунда во Купот.
Најефикасниот на натпреварот Илија Пејковски (12 гола) беше и најзаслужен за победата на Партизан Гевгелија, а поддршка имаше од Јован Гетов со седум, Никола Анакиевски со шест и Петар Чакалов со пет реализации.
Во домашниот табор се истакна Мирослав Митевски, кој зад своето име запиша десет погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 36:44
28/3, 19:00, Тиквеш – Јехона
29/3, 12:00, Куманово – Астраион
29/3, 13:00, Охрид – Шампион
29/3, 13:00, Радовиш – Скопје
29/3, 15:00, Еурофарм Пелистер 2 – Драчево
29/3, 18:00, Аеродром – Македонија ЃП
29/3, 18:00, Бутел Скопје – Металург РА
29/3, 19:00, Младост Богданци – Струга
30/3, 14:00, Текстилец – Прилеп
30/3, 18:00, Овче Поле – Борец ФЛ