Во Гостивар се играше без одбрани – паднаа 72 гола

Во натпревар, на кој беа постигнати вкупно 72 гола, екипата на Јехона се израдува на втората победа во прволигашката конкуренција.

Тимот од Гостивар пред домашната публика успеа целосно да го надигра Драчево со 39:33 (21:16).

Драчево, кој минатата сезона играше бараж за влез во елитата, целосно потфрли во вториот дел, во кој немаше сили да се надигрува со мотивираниот домаќин.

Двајцата ракометари на Јехона, Мојсие Тасески и Адис Салиу, постигнаа вкупно 24 погодоци. Тасески зад своето има запиша 13, додека Салиу два гола помалку.

Во поразениот табор се истакнаа Филип Дабевски и Бојан Шумовски со по седум погодоци.