Screenshot

Во Гевгелија паднаа 77 голови, „лавовите“ се радуваа на триумф

Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Партизан Гевгелија во натпревар со 77 голови, 40-37.

Натпреварот од 23 прволигашко коло беше решен во средината на вториот дел, откако на паузата гевгеличани водеа со 20-19.

По 27-26 за гостите од Ѓорче Петров, тие постигнаа шест гола по ред, домашните немаа решенија во нападот и отидоа на 33-26.

Тоа беше клучниот момент за победата и до крајот избраниците на Оливер Димитриоски не ја испуштија предноста.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ристевски со десет и Чакалиќ со девет гола, а кај Партизан Гевгелија, Пејковски погоди девет пати.

На табелата, Македонија Ѓорче Петров е петта со 29 бодови, додека гевгеличани се на деветтата позиција со 15 бодови.