Во Автокоманда пак се слави Куп трофеј

Откако последен пат во 2019 година екипата на Металург беше победник на Купот, сега трофејот повторно е во Автокоманда, но, во витрините на актуелниот вицепрвак, кај Алкалоид.

Тимот на Металург досега петпати гоосвјуваше Купот, а ова е првпат за новиот тим кој ја презема салата и сега игра во Автокоманда. „Сините“ во неизвесното финале на 31. издание од Купот на Македонија триумфираа над Еурофарм Пелистер со 25:23 по ударите од седум метри.

Првите два напади завршија со грешки на двете страни, a по играта гол за гол, и водството од 3-2 за битолчани, имаше голем пад кај нив. Противникот реализираше дури четири пати по ред за 6-3, па Бранко Ангеловски мораше да бара тајм-аут.

Беше и 7-3 за тимот од Автокоманда, но Цехте и Кузмановски за момент ја намалија опасната предноста на „сино-белите“. Одбраната на битолчани немаше решенија за нападот на тимот од Автокоманда, па разликата се движеше меѓу два и три гола.

Тајник успеваше да погоди два пати по ред, но Галевски го запре во третиот обид. Неговите соиграчи направија две грешки и казната стигна преку Цехте, кој намали на 10-9.

И покрај тајм-аутот на Кире Лазаров, неговите играчи погрешија во следниот напад и од три гола предност, составот од Автокоманда замина со негатива на пауза (11:10). За тоа се погрижи Пешевски кој погоди на две секунди до пазуата.

Пелистерци за само неколку минути игра во вториот дел стигнаа до 14-11 и тука беше јасно дека составот на Лазаров ќе биде пред тешко искушение за камбек во натпреварот. Тимот од Автокоманда не се откажуваше, искористи дел од грешките на битолчани и од негатива од 15-12 дојде до предност од 16-15 во 43 минута, минута подоцна и до 17-15.

Кризата во таборот на Еурофарм Пелистер ја прекина Пешевски, кој намали на 17-16. Вицепрвакот успеваше некако да одржи позитива од еден разлика, во 50 минута имаше 19-18 и во два наврати од пенал не успеа да зголеми на плус два. Казната стигна од пелистерци, кои со голот на Радивојевиќ дојдоа до израмнување, 19-19.

Во последните пет минути секој напад беше важен и двете екипи немаа право на грешка. Беше 20-20 на четири минути пред крајот и во последните две минути само нијанси одлучуваа кој ќе го освои Куп трофејот. На нерешени 21-21, составот на Лазаров во последниот напад реализираше со голот на Серафимов за 22-21, додека Еурофарм Пелистер преку пенал финишот од регуланриот дел од натпреварот дојде до израмнување, 22-22. Во пенал серијата повеќе пофусиран беше вицепрвакот, кој се израдува на прв трофеј во својата кратката историја.