По неуспешниот ангажман на клупата на машката црногорска репрезентација и кратката пауза, Владо Шола ќе се врати на работа.
Хрватската легенда во иднина ќе го води составот на Дубрава, каде што работеше во минатото, па доаѓа во позната средина.
Покрај во Дубрава, Шола работеше во женскиот тим на Звезда Звенигород, потоа Ал Духаил, Пекинг, Загреб и Дуго Село.
По СП 2023 ја презема машката селекција на Црна Гора, но по добриот настап на ЕП 2024 имаше неуспешен настап во баражот за СП 2025 и елиминацијата од Италија, си поднесе оставка.