По двајцата словенечки ракометари, Тим Цокан и Митја Јанц, полскиот првак Висла Плоцк, го промовираше третото летно засилувања.
Станува збор за голманот Виктор Гисли Халгримсон, кој досега го бранеше голот на францускиот Нант.
Тој потпиша договор на само една сезона, а следното лето 23-годишниот голман треба да се пресели во Барселона како замена за Де Варгас.
Халгримсон е еден од најдобрите млади голмани во Европа, а пред да се пресели во Франција го бранеше голот на данскиот ГОГ Гудме.