Веспрем станува колонија на „фараони“

Унгарскиот првак Веспрем го бара во своите редови левиот бек на египетската репрезентација Али Зеин.

Според пишувањата на „Handball Basse“, Веспрем е заинтересиран за играчот на Динамо Букурешт.

Веспрем веќе го има во своите редови Јахја Елдера, го потпиша Ахмед Хешам, а освен Зеин, го посакува и Ахмед Адел.

Унгарскиот првак за следната сезона ги договори и десното крило Јанис Лене од Монпелје и левото крило Робин Молнар од НЕКА.