Веспрем со супер второ полувреме славеше над Монпелје

Унгарскиот гигант Веспрем на гостувањето во Франција кај Монпелје славеше со 37:31 (18:17) во натпревар од претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Веспрем мораше да го добие овој дуел за да остане во игра за директен пласман во четвртфиналето.

Избраниците на Момир Илиќ во следното коло играат против Магдебург, директниот ривал за второто место во групата Б.

Исто како и на денешниот дуел, унгарскиот тим ќе мора да слави против актуелниот бранител на титулата.

Најефикасни во победата на Веспрем против Монпелје беa Никита Вајлупов со осум и Недим Ремили со седум погодоци.

Кај Монпелје се истакна репрезентативецот на Шведска, Себастијан Карлсон, кој постигна пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140