Ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, Веспрем, во своите редови успеа да го донесе младинскиот репрезентативец, левото крило Робин Молнар.
20-годишниот Молнар во Унгарија го сметаа за голема ракометна надеж, а двете страни се договорија на двегодишна соработка, до јуни, 2027 година.
Младото лево крило во периодот од 2021 до 2023 беше дел од ПИК Сегед, најпрво во младинскиот тим, потоа и во сениорскиот состав.
Против Целје во сезона 2022/23 го имаше својот деби настап во Лигата на шампионите, а по две години минати во Сегед, тој се врати во НЕКА каде минатата сезона постигна 65 гола на 26 натпревари.
Во 2023 година беше повикан во сениорскиот дрес на Унгарија за натпреварот против Литванија, беше и на поширокиот список за Светското првенство во јануари, па сосема е јасно дека станува збор за голем талент.