Велешани незапирливи: Го штиклираа и Шампион за осум од осум во прволигашкиот плеј-оф

Ракометарите на Бисинов од Велес продолжуваат со победите во прволигашкиот плеј-оф и го трасираат патот кон Супер лигата.

Избраниците на Никола Бисинов славеа против Шампион со убедливи 35-23, откако и на полувремето водеа со 16-11.

Гостите со десетмина ракометари во ростерот немаа доволни сили да парираат во текот на целиот меч, иако одржуваа пристојна негатива во првиот дел до 9-6.

Потоа Бисинов со три гола во серија стигна до 12-6 и понатаму се беше само рутинско одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мартин Иванов со 11 погодоци, а по три гола имаа Александар Славков, Александар Ристовски и Панче Ристевски. Во составот на Шампион се истакна Стефан Огненовски со десет гола.

Бисинов останува прв со осум од осум во плеј-офот и 27 бода, пред Радовиш кој има 20 бода.