Вардарецот Николиќ во конкуренција за настап на ЕП!

Ракометарот на Вардар, Матија Николиќ, ќе биде во конкуренција за настап на Европското првенство, откако доби дополнителен повик од српскиот селектор Тони Херона.

Николиќ минатиот месец беше повикан за ЕХФ неделата и двата пријателски меча со Словенија, но пред извесен период не се најде на скратениот список.

Бидејќи несудениот член на Еурофарм Пелистер, Марко Милосављевиќ, има повреда на бутниот мускул, селекторот Херона донесе одлука во подготвителната фаза да го вклучи и левиот бек на „црвено-црниот“ тим.

Избраниците на Херона пред настапот на континенталниот собир ќе тестираат со Словачка, Полска и Шпанија.

Србија за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Исланд, Унгарија и Црна Гора.

Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза на Европското првенство.