Вардар со триумфот со 34-20 над Еурофарм Пелистер на три кола до крајот ја потврди шампионската титула во Македонија.
„Црвено-црните“ по три сезони пауза се вратија на македонскиот трон, а по четири сезони може да заиграат и во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак има директно место во Лигата на Европа, но може да аплицира за вајлд-карта за најелитното европско клупско натпреварување.
Големи се шансите Македонија по трите учества на Еурофарм Пелистер во ЛШ, одново да има претставник и во Скопје да гостуваат најдобрите европски тимови.
Лигата на шампионите од идната сезона ќе има 24 тимови.























