Вардар, па ПСЖ – за денот на виното францускиот првак доаѓа во Битола

Целото внимание на македонската јавност оваа недела е насочено кон големото дерби во Битола в сабота, кога шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека Вардар.

Стратегот Бранко Ангеловски и неговите ракометари се подготвуваат за дуелот со „црвено-црните“, кој е од големо значење во битката за титулата.

Но за битолчани нема да има голем одмор, бидејќи по четири дена ќе следува дуелот од 11 коло во Лигата на шампионите.

Во „Боро Чурлевски“ ќе гостува францускиот шампион ПСЖ, во натпревар што ќе се игра на 14 февруари, денот на виното, од 18:45 часот.

До крајот на европската сезона, битолчани ќе им гостуваат на Кил и Колстад, а покрај ПСЖ ќе го пречекаат и Алборг на домашен терен.