Вардар „му врати“ на Тиквеш – најмалку до утре „црвено-црните“ се лидери

Тиквеш се покажа како „тврд орев“ за Вардар сезонава, и овојпат, но пред домашна публика „црвено-црните“ победија, ама мораа да се помачат за да ги освојат бодовите. Со триумфот од 29-25 (14-13) Вардар најмалку до утре ќе биде лидер на табелата во Супе рлигата, и ќе го чека исходот од дербито меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.

Долго се мачеше Вардар да направи некоја разлика со која „ќе биде мирен“, но гостите не му дозволија на најтрофејниот македонски тим да има лесен натпревар. Водеше Вардар и со 3-4 гола, ама гостите секогаш се враќаа, и намалуваа на еден гол.

Така беше и на полувреме кога Тиквеш од негатива 10-13 стигна до 13-14, најавувајќи неизвесен меч. Со играч помалку Вардар во 55 минута зголеми на 27-23, а потоа во следниот напад гостите направија техничка грешка и ја загубија топката.

Иако Вардар не го искористи својот напад, слично беше и на спротивната страна кога Мартин Манасков не реализраше пенал. На три минути до крај Димитар Коцев од контра намали на 27-24, надевајќи се дека може да донесе некоја неизвесност.

Кога Косуке Јасухира го постигна својот 8 гол во 58 минута и зголеми на 28-24, беа решени сите дилеми. Вардар можеше да почне да слави и да стиска палци за утрешното дерби.

Косуке Јасухира дае 9 гола за ВАрдар, а по четирипати погодија Томислав Јагуриновски и Гоце Георгиевски. Кај гостите Сржан Мијатовиќ даде седум гола, а по петпати погодија Мартин Манасков и СТрахиња Симиќ.

Во следното коло Вардар гостува во Струга, а Тиквеш е домаќин на Бутел.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР12110135
2ВАРДАР 196112100233
3АЛКАЛОИД1280427
4ОХРИД1280426
5ТИКВЕШ 20141260619
6БУТЕЛ1230910
7ПРОЛЕТ1220106
8СТРУГА1200120