Maкедонскиот вицепрвак Вардар го потврди ростерот на ракометари на кои ќе смета во престојната сезона за борбите на домашна и меѓународна сцена.
„Црвено-црните“ како ретко кога досега, ќе имаат на располагање широк избор на ракометари – дури 23.
Тренерот Владо Недановски ќе смета на најмалку по тројца на секоја позиција и ќе има здрава конкуренција за да може да ги одбере најдобрите.
Со оглед на тоа што покрај во Супер лигата и во Купот на Македонија, Вардар ќе биде активен и во Лигата на Европа, на Недановски ќе му бидат потребни многу ракометари во ротацијата.
Вардарци в недела ја стартуваат новата сезона во Супер лигата со гостински натпревар во Автокоманда кај „сино-белите“, додека во октомври ќе ја стартуваат и сезоната во Лигата на Европа.
Последно засилување за новата сезона беше левиот бек Вуко Борозан.