Уште едно признание: Митревски е во тимот на колото во ЛШ!

По одличната партија на дуелот со ГОГ Гудме, Никола Митревски, се најде и во идеалниот тим на колото во Лигата на шампионите.

Македонскиот капитен имаше 14 одбрани на мечот кој неговиот Порто го доби со голем пресврт во второто полувреме со 32-31.

Митревски беше клучот за двата бода на Порто, ако се знае дека бранеше во второто полувреме.

Неговата двојна одбрана на зицери на ГОГ Гудме, доби место во ТОП 5 одбрани на колото, а заслужено се најде и во идеалниот тим.