Трета француска ѕвезда оди во репрезентативна пензија!

По Никола Карабатиќ и Венсан Жерар, кои не само што ќе ја завршат репрезентативната, туку и играчката кариера на ОИ, уште една француска ѕвезда најави пензија, но само од националниот тим.

Валентан Порт, играч што подеднакво добро може да игра и на десно крило и на десен бек, најави дека Олимписките игри ќе бидат за него последен настап во репрезентацијата.

По 11 години настапи за националниот тим, во кои освои двојна светска круна, европско и олимписко злато, асот на Монпелје, во иднина ќе се посвети само на клупските настапи.

На десната бековска позиција Франција ги има Ремили, Мем и Ричардсон, на десната крилна се Конку и Лене, па „триколорите“ ќе бидат доволно покриени и по заминувањето на Порт.