Уште една данска легенда ќе ги закачи патиките на клин!

Еден од најголемите легенди на данскиот ракомет Хенрик Мелгард ја игра последната сезона во неговата играчка кариера.

39-годишниот ракометар на Алборг одлучи дека е време да се пензионира, но и понатаму ќе остане во ракометните води.

Како што е познато, Мелгард ќе се врати во таборот на ,,светците” и ќе биде асистент на неговиот сонародник Стефан Мадсен.

Мелгард и Мадсен со францускиот клуб се договорија на соработка, која ќе биде со важност од две сезони.

Искусниот ракометар, освен за Алборг и ПСЖ, во својата кариера го носеше дресот и на Скјерн и Колдинг.

За репрезентацијата на Данска одигра 216 официјални натпревари постигнувајќи над 180 гола.

ПСЖ најде замена за Раул