Уште еден триумф на Македонија: Кадетите со двојна победа се враќаат од Црна Гора!

Кадетска машка репрезентација на Македонија славеа и на вториот натпревар против селекцијата на Црна Гора со 32-28.

Беше 12-12 по дваесетина минути игра, а нашите кадети стигнаа до плус три на паузата, 16-13.

Во второто полувреме македонските ракометари се одлепија на плус пет, 25-20, домаќините намалија на 25-23, но немаа сили за камбек.

Митев беше вистински лидер со девет гола, гол помалку даде Иванов, а четири реализации имаше Славков.

На првиот натпревар одигран вчера во Подгорица, избраниците на Наум Танески триумфираа со осум гола разлика, 28-20.

Овој двомеч беше дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Црна Гора што ќе се одржи во август претстојното лето.

Македонија е во многу тешка група и на континенталниот собир ќе игра против Германија, Франција и Полска.