Репрезентацијата на Унгарија, која е еден од ривалите на Македонија на СП 2025, ја победи Србија со 28:23 во вториот пријателски натпревар.
Овие две репрезентации пред два дена во српскиот град Краљево одиграа без победник, 31:31.
Унгарија и Македонија во групната фаза на Мундијалот 2025 ќе се сретнат уште во првото коло.
Освен со Македонија, избраниците на Родригез ќе играат и против Холандија и аутсајдерот Гвинеја.
На денешните пријателски натпревари кои беа на програмата од 18:00 часот, победа остварија Јапонија, Данска и Египет.
Јапонците беа подобри од Австрија, триумфираа со 28:27, додека Данска немаше многу проблеми на натпреварот против Бахреин и дојде до победа од 19 гола разлика, 39:20.
Египѓаните одиграа одлично против Романија и со победата од 33:30 покажаа дека се добро подготвени за настапот на Мундијалот.