Домашната селекција на Германија стигна до очекуваниот триумф против Унгарија, и се најде на чекор до полуфиналето. Домаќинот во вториот дел благодарение на расположените Кестер и Волф го скрши отпорот на Унгарија и славеше со резултат 35:28
Германија-Унгарија 35:28 (18:17)
Домаќинот Германија и репрезентацијата на Унгарија одиграа тврдо и неизвесно прво полувреме во кое ниедна репрезентација не успеа да направи пооплива разлика во своја корист. Унгарија двапати имаше водтсво од плус два кое не успеа да го задржи во своја корист, по што Германците преку расположените за игра Хејман и Кестер по подолго време го преземаа водството 13:12, во 20.минута. Во последните десетина минути најчесто се играше гол за гол,двете репрезентации имаа минимално водство, а да не отиде Унгарија со предност на полувреме се погрижи Колбахер, кој со два погодоци во самиот финиш ја одведе Германија со предност од 18:17.
Кнор со три погодици го отвори вториот дел за водство на Германија од 21:18. “Панцирите“ ја засилија одбраната, а противникот многу тешко стигнуваше до голот на Волф. Единствен кој во тие моменти погодуваше за Унгарија беше Анчин, но Германците константно ја зголемуваа предноста. Штајнер упати проектил од девет метри за најголема предност на Германија од 28:22 во 48.минута. Во продолжение германците на крилјата на домашната публика успешно ја одржуваа високата предност, и на крајот славеа со резултат 35:28. .
Кестер со осум голови беше најефикасен во Германската репрезентација, а кај Унгарија, Анчин постигна шест.
По овој триумф Германија со пет бодови се најде на втората позиција на табелата, па во последното коло ќе им биде потребна победа против Хрватска за пласман во полуфиналето.