Новото издание на ТВ Турнирот на шампионите во Добој ова лето ќе се одржи од 28 август до 1 септември.
Исто како и лани, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе биде дел од турнирот во Босна и Херцеговина.
Иако беше најавен и европскиот првак Барселона, сепак оваа година нема да игра, но тука се великаните од Унгарија и Хрватска, Веспрем и Загреб.
Покрај нив, учеството го потврдија и српскиот првак Војводина, унгарската Татабања, турскиот Бешикташ, како и египетскиот Ал Ахли, а тука е и домашната Слога Добој.
Пелистерци подготовките ќе ги започнат во втората половина на јули, а ќе настапат и на Струшкиот турнир од 14 до 17 август.