Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на првото коло од плеј-оф фазата во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.
Во изборот за ѕвезда на првото коло од плеј-оф фазата има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Куманово и Металург Автокоманда.
За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.
Женска лига, плеј-оф, 1. коло, резултати:
Вардар – Куманово 25:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Ѓоррче Петров – Чаир 40:27 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Металург Автокоманда 21:42 (ИЗВЕШТАЈ)
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ФАЗАТА ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА
Ивана Дежиќ (Ѓорче Петров) – Искусната ракометарка од Хрватска блескаше на дербито против Чаир и натпреварот го заврши со 17 погодоци и неколку асистенции.
Марија Јовановска (Куманово) – Младата голманка беше една од најзаслужните за освоениот бод на нејзиниот тим против Вардар, имаше 12 интервенции.
Марија Јанкуловска (Металург Автокоманда) – Битолчанката одигра одлично во Штип против Астибо и зад своето име запиша девет погодоци.