За разлика од мажите, каде најверојатно Македонија ќе има пет екипи во европските купови, кај дамите ќе има само три.
Шампионот Ѓорче Петров се пријави во Лигата на Европа и најверојатно својот европски пат ќе го започне од второто квалификациско коло.
Вторпласираниот Чаир и третопласираниот тим на Металург Автокоманда ќе бидат дел од Европскиот Куп.
Вардар, кој беше четврти, не ја искористи можноста да се пријави, а ниту Куманово не беше заинтересиран да игра во Европскиот Куп.
Македонија според рејтинг има можност да пријави една екипа во Лигата на Европа и три во Европскиот Куп, значи едно место ќе остане празно.